Со макраме започнав да се занимавам кога почна пандемијата. Седењето дома, со сите домашни и работни обврски (работам како наставник во средно музичко училиште и во ѕоа време наставата беше онлајн), почна да ми создава огромен стрес и нервоза и барав нешто каде што ќе можам да се изразам и истовремено да ја изразам мојата креативност. Така наидов на видеа на Youtube за правење разни украси од макраме и решив да пробам. По неколку неуспешни обиди, моите изработки почнаа да личат се поубави и поубави и така започна мојата приказна. Секој ден сакав да создавам нешто ново и ново, и тоа не само што ме исполнуваше и полнеше со позитивна енергија туку секој ново изработен производ ми носеше огромно задоволство. Кога сфатив дека моите производи се доволно добри за да се понудат и за продажба, ја креирав и мојата инстаграм страница Why_Knot_Macrame_Design и почнав да ги рекламирам таму. Можам да кажам дека од почетокот пред 2 години до денес, моите производи красат над 100 домови, ги носат огромен број на девојки и жени со стил и тоа навистина многу ме радува и инспирира да создавам понатаму.