Народниот музеј Охрид првпат е основан во 1516 година во Светиклиментовата црква Богородица Перивлепта, како музеј на Охридската архиепископија, што го прави еден од најстарите музеи во светот.
Куќата е заштитен споменик на културата составен од 3 ката. Во долниот дел на куќата се поставени епиграфските споменици од Охрид, на вториот и третиот кат се поставени археолошките предмети од античко време и средновековен период.
Во оваа куќа некогаш живеело богатото семејство Робеви кое било популарно во Охрид. Тие живееле овде 35 години и ја напуштиле куќата во 1861 година, откако била изгорена до темел. Подоцна, во 1863 година, куќата била повторно изградена.
Куќата на семејството Робев (всушност двобратска куќа) според големината и архитектонскиот израз претставува своевиден статусен симбол на семејството, чии трговски односи воделе од Истанбул до Виена, Трст и Лајпциг.
Во 1996 година Куќата на семејството Робев повторно е ставена под заштита со Законот за заштита на спомениците на културата на Република Македонија како вредно културно-историско изградено наследство.
Народниот музеј Куќата на Робевци го привлекува вниманието на бројни патници од Македонија и од целиот свет.