Ресторан Света Софија

ул. Цар Самоил

×
1 / 15
2 / 15
3 / 15
4 / 15
5 / 15
6 / 15
7 / 15
8 / 15
9 / 15
10 / 15
11 / 15
12 / 15
13 / 15
14 / 15
15 / 15

А нашата приказна започна во 1988 година, како семеен бизнис на охридската фамилија Пендови. Низ годините ресторанот „Св. Софија“ растеше, се надградуваше и го зголемуваше својот капацитет и персонал, достигнувајќи стандарди кои се репер за квалитет. Локациjа и Капацитет Сместен помеѓу сокаците од калдрма од која се’ уште одекнува ехото на војската на царот Самуил кој во X век во Охрид изградил крепост каде го наоѓал својот мир помеѓу битките во кои го покорил Балканот пркосејќи и на моќната Византија, ресторанот „Св. Софија“ е одлично место за сите сите сладокусци со префинет вкус. Препознатлив е по рибните специјалитети и исклучително богатата винска карта со најквалитетни вина од македонското поднебје. Капацитетот на ресторанот кој извонредно се вклопува во историскиот амбиент на стариот дел на градот, е околу 100 седишта. Дополнително тој располага и со отворена летна тераса. Ресторанот „Св. Софија“ е идеално место за дружење со пријателите или семејството, за деловни средби и интимни веселби. Традициjа Ресторанот „Св. Софија“ е и верен чувар на традицијата. Да се биде тука за празникот Богојавление – Водици е посебно доживување. Од ова место започна возобновувањето на препознатливата охридска традицијата за овој празник кој прерасна во голема манифестација која денеска е позната не само во Македонија, туку и надвор од неа. Да се биде во ресторанот „Св. Софија“ не е само култура на живеење, туку и привилегија. Препуштете им се на чувствата и уживајте во автентичниот дух на Охрид.

Спецификации на производот

Ознаки за производ

Во срцето на древниот Лихнидос, подигнат од митскиот јунак Кадмо и неговата сакана Хармони пред повеќе од седум милениуми, наспроти катедралната црква Св. Софија, некогашно седиште на славната Охридска архиепископија, се наоѓа ресторанот „Св. Софија“. Место со душа кое веќе три децении ја раскажува приказната на градот, чувајќи ги убавите спомени на бројните гости кои тука доаѓаат да уживаат во уникатниот амбиент и прекрасната атмосфера, надополнета со звуците на староградската музика и врвна услуга.